За нас

100% Природен сок од домашни јаболка

Чистиот воздух, плодната почва и свежината од Преспанското Езеро создаваат совршени услови за природно и здраво овошје.
Токму затоа секоја голтка од нашиот сок ја носи автентичната свежина и природна слаткост на овој уникатен предел.

Како го создававме овој сок

Сокот го произведуваме само од сопствени јаболка, одгледани со љубов и внимание во нашите овоштарници во Царев Двор.
Секоја берба се изведува рачно, со внимателен избор на најзрелите и најздравите плодови.
Јаболката се мелат и цедат ладно, без додавање вода, шеќер или конзерванси — за да се зачува вистинскиот вкус и хранливите состојки.
Производството се одвива во чиста и контролирана средина, според највисоки хигиенски и квалитативни стандарди.

Совршена комбинација на сорти

Нашиот сок е направен од природна мешавина на повеќе сорти јаболка — секоја со своја улога:

  • Јонаголд и Грени Смит за свежа киселост,

  • Ајдаред и Златен Делишес за природна сладост и полн вкус,

  • Црвен Делишес за боја и меко овошно тело.

Оваа комбинација создава совршена рамнотежа меѓу сладок и кисел вкус, правејќи го сокот богат, свеж и пријатен за сите генерации.

Зошто нашиот сок е различен

  • 100% природен, без концентрат и без дополнителна вода.

  • Произведен таму каде што растат јаболката – во Царев Двор, Преспа.

  • Подготвен со почит кон природата и традицијата.

  • Секое шише ја носи приказната на нашето семејство и нашата земја.